Bi sakala strucno objasnuvanje od doktorot, vo prilog vi go naogjam naodot od laboratorijata: Blagodaram,
Со микроскопскиот преглед на биоптичните фрагменти истите се идентифицирани како делови од цервикална лигавица, на чија површина се наоѓа регуларен цилиндричен епител. Присутните жлездени формации се исто така обложени со во потполност униформни цилиндрични клетки, а во стромата се наоѓа скуден лимфо- плазмоцитарен воспалителен инфилтрат. Наодот одговара на ектопија пропратена со лесен хроничен цервицитис. Материјалот од цервикалниот канал хистолошки го чинат слуз, крв, бројни ендометријални фрагменти, со исти морфолошки карактеристики како подолу опишаните, фрагменти од ендоцервикална лигавица обложени со регуларен цилиндричен епител и неколку фрагменти од полипоидна формација, со најголеми пречници 0,3-0,6 см. На површина на полипоидната фомација се наѓа регуларен цилиндричен ендоцервикален епител, изграден од во потполност униформни клетки, а масата на полипот е изградена од ендоцервикален тип на жлезди и фиброзирана, добро васкуларизирана строма. Жлездените формации, во склоп на полипот се изградени од регуларен цилиндричен или аплатиран епител. Опишаните морфолошки карактеристики одговараат на гландуларен цервикален полип. Материјалот од кавумот на утерусот хистолошки го чинат слуз, крв и повеќе ендометријални фрагменти. Ендометријалните фрагменти се изградени од тубуларни и лесно извијугани жлезди, обложени со униформни цилиндрични клетки, со хиперхроматични јадра и присутни регуларни митози. Стромата е ситноклеточна, едематозна што се карактеристики на ендометриум во средина на пролиферативна фаза од менструалниот циклус. Во доставениот материјал, кој што е обработен полусериски не се најдени атипични гландуларни клетки. Наодот одговара на гландуларен цервикален полип и ектопија пропратена со лесен хроничен цервицитис. За патохистолошка анализа е доставен материјал во три флакони. Материјалот означен како "Биопсија" го чинат четири биоптични фрагменти со најголеми пречници 0,4-0,5 см, а во преостанатите два флакони с доставен средно обемен киретажен материјал, од кои едниот материјал е деклариран дека му припаѓа на цервикалниот канал, а другиот на кавумот на утерусот. Материјалот е обработен во целост и сечен полусериски. POLYPUS GLANDULARIS CERVICIS UTERI
-
|