Prijava na doktor.rs mailing listu
Pratite nas redovno putem newslettera.

Sva vremena su u UTC + 2 sata




Započni novu temu Odgovori na temu  [ 2 Posta ] 
Autor Poruka
 Tema posta: Норвешки лекари во шок од бугарското чудо прotiv rakot
PostPoslato: Uto Avg 23, 2011 8:46 am 
OffLine Stalni član Stalni  član
Pridružio se: Sre Jul 27, 2011 6:53 am
Postovi: 53
znam da vecina ne razumete makedonski ali mislim da se ovde sve razume....





За изумот на Продан Христов пишувавме во неколку продолженија минатата година. Борбата за неговата регистрација во Бугарија продолжува, а новите докази во врска со делотворноста на „антималигноцит“ само дополнително уверуваат дека течноста, која, за жал, веќе две години не може да се набави, знае да донесе чуда




Галина П. е 28-годишна Бугарка од Русе, која живее во Норвешка. Во почетокот на минатата година, по направена магнетна резонанса, и бил откриен рак на коските, односно туморна формација на едно од ребрата. Шокот бил голем - Галина е млада жена, која, според норвешките стандарди за живот, би требало да очекува да доживее 82 години. Се надевала дека втората биопсија ќе упати на грешка или забуна кај лекарите при првото испитување на примерокот.

За жал, и новите резултати биле позитивни - Галина морала да се соочи со црните прогнози. Особено откако било потврдено дека нејзината болест е доста агресивна - туморната формација растела по два милиметри на секој месец.

Но, што е тука е! Норвешките лекари и препорачале предоперативна хемотерапија, па операција, за потоа да продолжат со постоперативна хемотерапија. Во принцип, тука нема што многу да се размислува, освен да се прифати единствениот можен избор што се нуди. Галина одбила, што во тој момент изгледало неразумно. На таа возраст човек сепак би требало да поседува доволно зрелост за да не носи неумни одлуки за вакви крупни нешта. Кај Галина изгледало дека работите навистина тргнале во обратен правец.

Наместо препораките на лекарите, таа почнала да се лекува со „антималигноцит“. Тоа е препарат што содржи активни состојки првично добиени од екстракти од тревите див божур и овча опашка, а кој подоцна неговиот изумител, австрискиот Бугарин Продан Христов, го произведувал хемиски (види „Нова Македонија“ од 16 до 21 јуни 2010 година). Тие активни состојки ја снижуваат киселоста на раковата клетка и во подобрата варијанта ја уништуваат, а во полошата ја затвораат во еден вид капсула и на тој начин ја прават неопасна за организмот. Дилемата е како Галина успеала да набави „антималигноцит“, бидејќи тој од 2009 година не се произведува. Велат, собирала шишенце по шишенце од луѓе што го купиле, па им останало, најчесто поради тоа што за нивните блиски, откако официјалната медицина веќе кренала раце, било премногу доцна да се стори нешто повеќе.

Зар не си жива?

Како и да било, таа имала среќа: успеала да ги најде и да купи потребните дози и почнала да пие. Изгледало неверојатно дека со орално консумирање некаква течност измислена од некогашното селанче од околината на Карлово може да се спречи еден од најагресивните и најтешко излечливи канцери! Во нејзиниот случај се очекувало за седум-осум месеци канцерот да метастазира и таа да ги чуе најцрните предвидувања.

По неколку месеци, поточно во ноември истата година, отишла на контрола. Норвешките лекари ги направиле сите испитувања што можат да се направат, вклучувајќи ги и снимките со најсовремените апарати. Биле доста зачудени кога не ги откриле очекуваните местатази. И за да биде нивното чудење поголемо, откриле дека основната туморна формација има променета структура. Не им верувале на своите очи, а станувало збор за истите лекари кои заеднички во почетокот на годината ја поставиле дијагнозата. Нејзиниот онколог бил подиректен: „Во 30-годишната практика не сум видел ваков случај!“, рекол шокиран.

Лекарите не можеле, а да не почнат да ја распрашуваат на што се должи тоа? Галина им раскажала, по што тие ја убедиле дека би било добро, за да можат да го докажат дејството на средството што го пиела, да се оперира и тие да го дадат на испитување затворениот во капсула тумор. Таа се согласила и операцијата била извршена. На изненадување на Галина, на резултатите од хистолошкото испитување стоело дека таа има канцер од четврти степен. Како е можно тоа? Подоцна дознала дека во приказната замешале прсти некои други фактори, но наспроти четвртиот степен на заболеност од една од најтешките болести, таа се чувствува сосема нормално. Дури во мај оваа година гостувала во емисија на една бугарска телевизија за да го раскаже својот случај и да даде свој придонес во притисокот врз бугарската влада да го регистрира „антималигноцит“. Сепак, стравот од последните резултати останал, па и се јавила на Катја Почева, претседателка на пловдивското здружение што со години се бори за легализација на лекарството на Продан Христов. На нејзиното прашање исполнето со сомневање, Катја кратко и одговорила: „Дали си жива и здрава, без метастази што требаше да ги имаш уште во есента 2010 година?“

Нови докази

По една година и неколку месеци од минатогодишната првична средба, со Катја одново се видовме во пловдивскиот дом Левски. Со неа е и Емилија Жељаскова, за чиј случај со ќерка и Даница, која според официјалната медицина требаше да биде почината поради тумор на мозокот уште во 1996-97 година, веќе пишувавме минатата година. Даница и овој пат е со нас. Пловдив е ужасно врел во летните денови, па сакаме да седнеме во едно од климатизираните кафулиња, но не ни дозволуваат. Во Бугарија во кафулињата е дозволено пушење, па поради тоа е забрането за деца. Седнуваме на отворено, а Катја ни раскажува за случајот на Галина и за другите новоевидентирани случаи на болни, кои останале живи благодарение на „антималигноцит“:

- Случајот со Галина е еден од последните што го објавивме. Има и други, кои сега ги откривме, а се со постар датум. На една жена од Велико Трново, тогаш на 30-годишна возраст, во 2006 година и бил откриен тумор на мозокот од трет степен. Ја оперирале, но не можеле целосно да го отстранат туморот. Лекарите на нејзините блиски им рекле дека прогнозите воопшто не се добри, а на жената и предложиле зрачење. Болната и нејзините не се согласиле и презеле лекување со „антималигноцит“. По неколку месеци лекарите сакале да направат нови снимки за да се обидат уште еднаш да видат дали, сепак, може да ја оперираат по втор пат и да го отстранат тоа што не можеле при првата операција. Снимките ги изненадиле - туморот веќе го немало. Пет години подоцна, таа е жива и здрава и нема проблеми поврзани со ова заболување. Случајно дојдовме во контакт со неа и овој пат, за среќа, се согласи нејзиниот случај да го објавиме на нашиот сајт - ни раскажува Катја.

„Погребани“ а живи

Зборува и за еден случај со рак на желудникот од 2008 година. Пациентот не бил опериран, а од мај 2009 година пиел „антималигноцит“. Подоцнежните испитувања покажеле дека туморниот процес е значително редуциран и дека метастазите почнале да се повлекуваат.

Тука е и случајот со пациентка од Варна на 28 години, како и со жител на Перник, кој по операција на едното белодробно крило во 2008 година не сакал да продолжи да се лекува со зрачење и хемотерапија, туку со изумот на Христов. Тоа траело три месеци, по што контролните прегледи до денешен ден покажале дека нема рецидив.

- Едно да расчистиме. Не секој што пиел од ова лекарство е излекуван, зашто главно кон него се свртувале луѓе што медицината ги отпишала. Тоа е крајниот стадиум. Згора на тоа, има многу луѓе што најпрвин молат за да дојдат до течноста, а потоа, откако ќе се излекуваат, ги снемува. Не сакаат нивниот случај да се објави. Но, сеедно, работата веќе не е во тоа колку излекувани ние ќе забележиме, туку во нашата борба бугарските власти да ја дозволат неговата употреба - вели Почева.

Цврсто верува во бугарскиот премиер Бојко Борисов и во неговото ветување дека ќе стори сé ова лекарство да почне да се применува барем на најтешките случаи.

- Ние сме убедени дека и во најпесимистичката варијанта, барем еден дел од тие пациенти ќе бидат спасени. За да дојде до тоа очекуваме сега, во септември, законски измени на нашите прописи, со кои ќе се овозможи во безалтернативните случаи употреба на „антималигноцит“. Во меѓувреме, имавме разговори со властите и сметам дека беа исклучително позитивни. Подоцна, откако сите ќе се уверат во доказите, макар во одреден број случаи, сé ќе биде поинаку. Иако, очекуваме дека пропагандата против нас ќе продолжи и дека секој пациент што веќе бил „погребан“ од лекарите, а кој нема да биде излекуван, дека ќе биде прикажан како доказ за наводната неделотворност на „антималигноцит“ - вели Почева.
Се надева дека целата процедура ќе заврши до крајот на годината и дека во почетокот на наредната година, многу болни, вклучувајќи ги и тие од Македонија, ќе имаат поинаква перспектива. Ако таа процедура не успее, Почева споменува и некаква резервна варијанта, патем разговараме и за политичарите и за блиските на некои познати бугарски онколози, кои се излекувале на овој начин, а сега молчат, но тој разговор останува неофицијален. Не инсистираме на повеќе од тоа. Само се надеваме дека ќе успее во нејзината борба. Во меѓувреме, не ни останува ништо друго освен на овој начин да помогнеме колку што можеме.


Vrh
 Profil  
 
 Tema posta: Re: Норвешки лекари во шок од бугарското чудо прotiv rakot
PostPoslato: Uto Avg 23, 2011 8:49 am 
OffLine Stalni član Stalni  član
Pridružio se: Sre Jul 27, 2011 6:53 am
Postovi: 53
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22362


Vrh
 Profil  
 
Prikaži postove u poslednjih:  Poređaj po  
Započni novu temu Odgovori na temu  [ 2 Posta ] 

Sva vremena su u UTC + 2 sata


Ko je OnLine

Korisnici koji su trenutno na forumu: Nema registrovanih korisnika i 26 gostiju


Ne možete postavljati nove teme u ovom forumu
Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
Ne možete monjati vaše postove u ovom forumu
Ne možete brisati vaše postove u ovom forumu

Pronađi:
Idi na:  
Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group
 
Besplatno preuzmite doktor.rs aplikaciju za Vaš Android uređaj!
Ili skenirajte QR kôd sa vašim Android uređajem za najbrže preuzimanje: